Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, даде целосна поддршка на одлуката второто полугодие од учебната година да започне на 20 јануари.
Таа истакна дека оваа одлука е неопходна бидејќи македонските ученици до 15-годишна возраст веќе имаат 900 наставни часови помалку во споредба со меѓународните стандарди.
Според Јаневска, сите релевантни истражувања потврдуваат дека поголемата редовност во наставата е директно поврзана со повисоки успеси на учениците.
Во однос на загриженоста за ширењето на вируси, министерката децидно порача дека грип не се добива само на училиште, туку и дома, на улица или за време на скијање.
„Друго – грип не се добива само на училиште, се добива и дома, и на улица, и на скијање. Така да, доколку има потреба, сигурна сум дека Министерството за Здравство ќе реагира“, рече Јаневска.








