0.8 C
Skopje
19 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаНема докази дека во 18 и 19 век Балканскиот Полуостров се викал...

Нема докази дека во 18 и 19 век Балканскиот Полуостров се викал Македонски Полуостров

- Advertisement -spot_img

Нема докази дека во 18 или 19 век, па дури и античкиот период, европските географи го користеле терминот „Македонски Полуостров“ за целата област на Балканскиот Полуостров. Терминот Macedonia тогаш често се однесувал на конкретна историска област (во рамки на денешна Грција, делови од Северна Македонија и Бугарија), многу поширок отколку денес, но сè уште не на ниво на цел Балкан. Понекогаш во античката литература регионот е поврзуван со името Haemus Peninsula (од античките Haemus планини), но тоа не е „Македонски Полуостров“ и повторно се однесува на географска формација, не политичка или етничка целина
Вистиномер анализира објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Дали знаевте дека до 1808 година Балканскиот полуостров се викал Македонски полуостров, кога германскиот географ Август Зеуне го преименувал?

Терминот „Балкански Полуостров“ првпат го употребил германскиот географ Јохан Август Цојне (Johann August Zeune) околу 1808–1809 година кога го именувал просторот што денес го нарекуваме Балкански Полуостров.

Но, нема историски извори што покажуваат дека претходно целото ова подрачје било официјално познато како „Македонски Полуостров“, како што тоа го тврди објавата што ја анализираме. Ова тврдење како историски факт не е потврдено од научни извори.

Германскиот географ Август Цојне во 1808 го вовел терминот „Balkan Peninsula“ (герм. Balkanhalbinsel) во своето дело за географија „Геа“, за да го именува просторот помеѓу Црното и Јадранското Море според Стара Планина (Haemus/Balkan Mountains), слично на тоа како што други полуострови се именувале по доминантни планини (на пр. Италијански — Апенини, Шпански — Пиринејски).

Во 19. век, пред широко прифаќање на името „Балкански Полуостров“, географи и патописци често го опишувале просторот со различни имиња, вклучувајќи Rumelia, European Turkey, Southeastern Europe итн.

За да ја означат планината што му го дава името на Балканскиот Полуостров, британските писатели пред Џон Морит (1794) во своите патеписни романи го користеле тракиското име Хемус (Aemus кај античките Грци, Haemus или Haemi Montes кај Римјаните). Името Балкан, иако се појавува во некои текстови од 16 век, не било вообичаено користено. Ова име од отоманско потекло, како еден вид неологизам со пејоративна конотација, се користело паралелно со византиските Хемо, Аимос, Емон, Емона, кои, пак, го евоцирале тракиското, илирското, римското и грчкото културно наследство на Полуостровот. Турскиот збор Балкан (Balkan), што значи „планина“, не бил ниту единственото ниту најчестото име на овој регион до средината на 19 век. Иако германскиот географ Јохан Август Цојне го вовел името „Балкански Полуостров“ во 1808 година, сè до Берлинскиот конгрес (1878) се користеле имиња како што се „Европска Турција“, „Европска Отоманска Империја“, „Европски Ориент“ или етничките етикети „Грчки Полуостров“, „Грчко-словенски Полуостров“, „Полуостров на Јужните Словени“ или „Југоисточна Европа“. Отоманските Турци ја нарекувале оваа територија Рум-ели, што значи „земја на Римјаните“ (т.е. на Грците), како и Отоманска Европа, пишува Европски институт за Медитеранот (IEMed).

Во средината на XIX век, на белгискиот геолог Д’Омалиус Д’Халој (Jean Baptiste Julien d’Omalius d’Halloy) (1835) не му бил доволен називот Балкан, кој според легендите бил преземен од туркофонските Хазари, па претпочитал да го користи терминот Славогрчки (Slavogreece), додека, пак, К. Ритер овој простор директно го нарекол Грчки Полуостров (Halbinsel Griechenland). Некои германски научници, како Фишер и Вагнер, го прошириле терминот Полуостров на Југоисточна Европа (Sudosteuropaische Halbinsel) кој за прв пат во 1863 година го поставил австрискиот конзул Јохан Георг фон Хан, и овој полуостров го довеле во директна врска со името Европа. Не е случајно што го направиле тоа, токму во времето кога големите европски држави почнале да се интересираат за овој простор.

Нема историски или научен доказ дека во античко време, или кај европските географи од 18–19 век, терминот „Македонски Полуостров“ бил широко користен за она што денес го нарекуваме Балкански Полуостров. Историските извори не ја потврдуваат ваквата употреба.

Античките географи како Страбо и Птоломеј не користеле ниту „Македонски Полуостров“, ниту друго поединечно име за целата полуостровска област под името Македонија. Тие ги користеле имињата на делови од регионот (на пр. Illyria, Thrace, Macedonia), но не постои документ што ги именува сите заедно како „Македонски полуостров“ во античките текстови.

Страбон во својата Geographica ја опишува географијата на Европа, вклучувајќи ја и територијата помеѓу реката Дунав и Средоземното Море, но со користење на имиња на региони и народи, како Illyria (Илирија), Thrace (Тракија), Macedonia (Македонија) и др. – без единствен назив за целиот Балкански Полуостров како „Македонски Полуостров“.

Презентирајќи ги деловите на Европа, Страбо ја дели територијата на:

Народите северно од Дунав,
Народите на југ од Дунав (на пример, Илири, Трачани, Македонци),
и ги користи поединечни географски и етнички имиња, не единствено име за целиот простор.
Птоломеј во својата Geographike (околу 150 г. н.е.) дал голема географска табела и каталози на градови, пределски координати и региони. Тој идентификува ситни региони и народи, но исто така не користи единствена географска ознака „Македонски Полуостров“ за целиот Балкан.

Птоломеј всушност бил повнимателен во своите географски списи и ги прикажува териториите во многу категории според географски координати, но не постојат документирани примери каде тој би ја именувал целата област како „Македонски Полуостров“.

Од сето ова можеме да заклучиме дека нема докази оти во 18 или 19 век, па дури и во античкиот период, европските географи го користеле терминот „Македонски Полуостров“ за целата област. Терминот Macedonia тогаш често се однесувал на конкретна историска област (во рамки на денешна Грција, делови од Северна Македонија и Бугарија), многу поширок отколку денес, но сè уште не на ниво на цел Балкан.

Понекогаш во античката литература регионот е поврзуван со името Haemus Peninsula (од античките Haemus планини), но тоа не е „Македонски Полуостров“ и повторно се однесува на географска формација, не политичка или етничка целина.

Поради тоа, Вистиномер објавата во која се тврди дека Балканскиот полуостров бил нарекуван Македнски ја оценува како невистина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img