2.8 C
Skopje
18 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВизниот режим со САД: Дипломатска магла наместо јасна стратегија

Визниот режим со САД: Дипломатска магла наместо јасна стратегија

- Advertisement -spot_img

Како реакција на критиките на опозицијата и на дел од критичката јавност во земјата, премиерот Мицкоски и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски побараа трпение и наваија „изненадрување“ и „позитивен исход“ за визниот режим со САД, откако Вашингтон „истури“ ладен туш ставајќи ја Северна Македонија во групата седумдесет земји, главнос од оние кои се препознаваат како „трет свет“ за кои се запираат постапките за иселенички визи.

Иако станува збор за исленечки визи, веста за визниот режим на САД во голема мерка ги разниша уверувањата на власта за добрите релации со новата администрација во Вашингтон.

За изненадување е се и изјавите на премиерот и министерот од кои наводните разговорите со САД околу визниот режим звучат повеќе како дипломатска утеха за домашна употреба, отколку како резултат на опиплива промена на терен, бидејќи од Вашингтон нема на ниту еден начин потврда дека се водат разговори или дека за нашата земја ќе има отстапки.

Опозицијата оценува дека Владата повторно продава надеж без покритие, прикривајќи го фактот дека Северна Македонија со години тапка во место кога станува збор за владеење на правото и институционалната кредибилност – клучните предуслови за секое олеснување на визен режим.

Критичарите потсетуваат дека визите не се прашање на добри односи, туку на доверба, а довербата се гради со функционални институции, а не со изјави за медиуми.

Според аналитичарите, ваквите дипломатски пораки се ризични: ако најавениот „позитивен пресврт“ не се случи, јавноста повторно ќе остане со уште едно празно ветување и дополнително разочарување во надворешната политика.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img