Денеска со почеток од 12 часот, во Клубот на пратеници започна лидерската средба која ја предложи премиерот Христијан Мицкоски.
Покрај Мицкоски, кој е придружуван од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПНМНЕ, Никола Мицевски, на средбата од коалициските партнери во Владата присуствува генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата Вреди.
Од опозициските пратенички групи присутни се лидерите на Левицата и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го одби повикот на Мицкоски и не дојде на денешната средба.
Како што е најавено, на лидерската средба ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.
Пред почетокот на лидерската изјава даде Апасиев, кој ги повтори барањата на Левицата – промена на Изборниот законик, укинување на техничката влада и една изборна единица.
Во кратката објава на Фејсбук, Мицкоски ја оцени оваа средба како „Политички дијалог за иднината на Македонија!“.









