2.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЈајцата поевтинуваат, маркетите ги враќаат старите цени по ноемврискиот скок

Јајцата поевтинуваат, маркетите ги враќаат старите цени по ноемврискиот скок

- Advertisement -spot_img

Цената на јајцата во малопродажбата од денеска е значително намалена и во поголем дел од маркетите е вратена на нивото од пред големото поскапување забележано во ноември минатата година. Потрошувачите веќе можат да ги купат јајцата по пониски цени, при што таблите се поевтинети за десетици денари.

Во дел од продажните ланци табла од 30 јајца која до вчера се продавала за околу 370 денари, денес чини 279 денари, што е намалување од речиси 100 денари. Кај помалите пакувања, таблата од 10 јајца која се продавала за 135 денари, сега се нуди за 99 денари. Намалувањето кај поголемите табли изнесува од 60 до 80 денари, додека кај помалите од 30 до 40 денари.

Добавувачите најавуваат дека дел од маркетите допрва ќе ги коригираат цените во наредните денови, па се очекува поевтинувањето да стане уште поизразено и пошироко присутно на пазарот.

Цените на јајцата драстично пораснаа кон средината на ноември 2025 година, кога во рок од неколку дена беше регистриран раст од 20 до 30 проценти. Тогашното поскапување предизвика незадоволство кај граѓаните, бидејќи јајцата се основна намирница во секојдневната исхрана.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img