10.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeХроникаПобегнале од државата: Се трага по 18-годишниот возач кој ја прегази починатата...

Побегнале од државата: Се трага по 18-годишниот возач кој ја прегази починатата жена на „Народен фронт“ и неговиот татко, кривични пријави за четири лица

- Advertisement -spot_img

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со сообраќајната несреќа што се случи вчера околу 11:30 часот на улицата „Народен фронт“ во Скопје, во која животот го загуби 79-годишна жена.

Како што информираат од МВР, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (18) од Скопје, удрило во пешакот Љ.Ј. (79), која од здобиените повреди починала, а возачот со возилото избегал од местото на настанот.

Веднаш по пријавата, полициски службеници презеле мерки за пронаоѓање на возачот и возилото. Преку системот „Безбеден град“, дополнителни камери од околните објекти и изјави од сведоци, било утврдено дека возилото е сопственост на Б.С. (45) од Скопје, а го управувал неговиот син С.С. (18). Возилото е пронајдено пред домот на сопственикот, каде бил затекнат С.С. (69), кој бил приведен и со него бил извршен службен разговор.

Во текот на истрагата било утврдено дека возачот С.С. (18) и неговиот татко Б.С. (45), со помош на Ш.П. (45) и А.Ј. (53) од Скопје, ја напуштиле државата истиот ден. Ш.П. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава за кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“ по член 365 став 2, во врска со членовите 300 и 301 од Кривичниот законик.

Против возачот С.С. (18) е поднесена кривична пријава за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 став 2, во врска со член 297 став 1, како и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ по член 301 став 2 од КЗ. Полицијата презема мерки за негово пронаоѓање, како и за пронаоѓање на Б.С., за кои е распишана потерница.

Пронајдени се и одземени двете возила – „фолксваген пасатот“ со кој е сторена несреќата и „мерцедесот“ со кој осомничените ја напуштиле државата. За случајот е известен и јавен обвинител, кој ќе постапува понатаму.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img