-3.2 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаУЈП со казни за граѓаните од 500 евра за неподнесени пријави во...

УЈП со казни за граѓаните од 500 евра за неподнесени пријави во 2020 година

- Advertisement -spot_img

УЈП почна да ги казнува граѓаните кои не поднеле даночни пријави во 2020 година со 500 евра глоба за неподнесена пријава, дознава ТВ 24. До редакцијата се обрати граѓанин кој немал да плати данок бидејќи веќе бил оданочен во странство, но УЈП сепак решила да го казни бидејќи тогаш не поднел пријава.

Според информациите од УЈП, контролите ќе продолжат за сите години понатаму. Денеска директорката Елена Петрова вели дека УЈП испратиле 10.000 покани до граѓани кои треба да го пријават доходот остварен во странство и по тие покани околу 1.200 лица доброволно поднеле пресметки, а околу 1.300 се задолжени со даночни решенија. Воопшто што не се работи за ретроактивно оданочување, вели директореката на УЈП,Елена Петрова потенцира дека не се работи за покривање состојби како немање пари во буџетот, туку за обезбедување фер и правично оданочување.

заклучно со 30 ноември годинава, во државниот буџет по основ на даноци и придонеси се собрани 3,97 милијарди евра што е повеќе за 268 милиони евра во однос на истиот период лани. Има пораст на приходите од даноци за 6,5 отсто и пораст кај придонесите за 8,7 проценти во однос на истиот период минатата година. УЈП појаснува дека граѓаните нема да бидат двојно оданочени ако за истиот доход платиле данок во странство, но не кажуваат дека граѓаните нема да бидат казнувани за неподнесените пријави. Граѓаните кои сметаат дека им се повредени права во тековната постапка имаат можност да користат редовни правни лекови.

Најавени се протести во Куманово, откако голем број граѓани добија решенија за персонален данок на доход за период од 2020 година наваму. Посебно погодени се илјадници кумановци кои работеле во американски бази во Ирак и Авганистан, при што исплатите биле вршени на сметки во Македонија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img