-1.2 C
Skopje
2 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЕвропските влијателни Тинк - тенк со можни сценарија за забрзување на проширувањето...

Европските влијателни Тинк – тенк со можни сценарија за забрзување на проширувањето на ЕУ

- Advertisement -spot_img

Дали 2026та ќе ги стави на масата во Брисел, старо-новите идеи за проширувањето на ЕУ?

Неофицијално, според МИА, во кулоарите на ЕУ во оптек се две идеи со иста цел – забрзување на проширувањето и големо отворање на европската врата до 2030та година.

Првата опција е тн. ограничување на ветото или гласање со квалификувано мнозинство – идеја за која засега нема консензус меѓу членките, а изминатите месеци отворено ја поддржа претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта. Втората опција е членство од втор ред за новите членки на ЕУ, или тн. Европа во повеќе брзини ( ЕУ во концентрични кругови) – старата идеја на францускиот претседател Емануел Макрон.

Според бриселски Бројхел, време е за промени во ЕУ, бидејки проширувањето се повеќе е заложник на домашните политички случувања во членките на Унијата. Како пример ја издвојува Македонија – една од тн жртви на ветото.

Бројхел тинк-тенк организација – Северна Македонија речиси 15 години беше блокирана од Грција, која бараше промена на името на земјата. Оваа пречка беше отстранета со Преспанскиот договор од 2018 година, но во 2020 година Бугарија го иницира прашањето за наводните бугарски корени на македонскиот народ и јазик, барајќи измени во Уставот. Северна Македонија е оценета како подготвена да го започне процесот на усогласување со правната рамка на ЕУ, но Бугарија ги блокира преговорите.

Без јасна стратегија ЕУ може да ја изгуби довербата на најпосветените кандидатки за членство и да ја разори нивната западна ориентација, порачува влијателната тинк тенк организација ЕЦФР .

Европскиот совет за надворешни односи (ЕЦФР) – Без јасна стратегија, ЕУ би можела да ја изгуби довербата и ентузијазмот на своите најпосветени партнери, еродирајќи го нивниот реформски напор и западна ориентација. Неактивноста би создала стратешки вакуум што надворешните сили се подготвени да го пополнат. Русија, Кина, Турција и земјите од Персискиот Залив веќе го шират своето влијание низ регионот.

Вчера, палката за претседавање со ЕУ ја презема Кипар, а точката- проширување ја стави во третиот прииоритет, од тн 5 столба, на нивното претседателство во следните 6 месеци.

Според програмата која ја објави, проширувањето е за комплетирање на визијата „ Автономна Унија Отворена кон светот “. Кипарскиотпретседател Христодулидис , пред неколку денови пак порача дека времето никого не чека и дека одолговлекувањето не е опција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img