-0.2 C
Skopje
31 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаКомунален отпад и управување, свест и казни

Комунален отпад и управување, свест и казни

- Advertisement -spot_img

Околу 638 илјади тони комунален отпад биле собрани во Македонија минатата година, односно 2,5 отсто повеќе во однос на 2023. Секој жител во просек создал по 438 килограми комунален отпад, што е намалување во однос на претходната година кога секој жител во просек создал по 503 килограми комунален отпад, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според нив, собраниот комунален отпад од домаќинствата, дуќаните и уличниот смет се фрла на депонија. Кога станува збор пак за отпадот од пакувања, податоците покажуваат дека 65 проценти од вкупното количество биле рециклирани. Најмногу се рециклирал отпад од хартија.

Државенз завод за статистика

– Од 80 575 тони отпад од пакување пуштен на пазарот биле рециклирани 52 605 тони. По категории, лани единствено отпадот од пакувања од хартија и картон пуштен на пазарот бил целосно и повеќе рециклиран (105%), потоа следи отпадот од метал (80%), стакло (54,6%), пластика (38,9%) и дрво (38,8%). Во апсолутни бројки, најмногу се рециклирал отпад од хартија и картон (29 614 тони), потоа пластика (8 979 тони), стакло (7 570 тони), дрво (3 416 тони) и метал (3 026 тони).

Еко активистката Ана Симонова за Телевизија 24 вели дека рециклирањето има клучна улога во намалувањето на отпадот но и во штедењето на природните ресурси чија прекумерна употреба ја загадува животната средина

Ана Симонова, еко активист

– Рециклирањето има клучна улога во намалувањето на отпадот и во создавањето одговорни навики пред се кај луѓето. Преку рециклирање се намалува количината на отпад што завшрува на депонии, со што се заштитува и почвата и водата и воздухот а повторната употреба на материјалите штеди природни ресури и енергија и истовремено го намалува загадувањето на животната средина. Исто така сакам да кажамд ека важана е и промената на навиката на кја луѓето кога рециклирањето станува секојдневие се развива свест за одговорно однесување кон природата.

Државата во 2024 година потрошила над 10,5 милијарди денари за заштита на животната средина, додека преку еколошки даноци во 2023 година биле собрани околу 12,2 милијарди денари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img