-0.2 C
Skopje
31 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаАХВ затвори пансион за кучиња поради сомнеж за парвовироза

АХВ затвори пансион за кучиња поради сомнеж за парвовироза

- Advertisement -spot_img

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) го затвори пансионот за кучиња „Ав ав хепи дог“ во скопската населба Бардовци, по добиени пријави дека во објектот можно е да циркулира вирусот парвовироза. Од Агенцијата за „Скопје1“ потврдија дека е издадена временска забрана за работа, која ќе остане на сила сè додека трае вонредниот инспекциски надзор и не се утврди здравствениот статус на кучињата што престојувале таму.

„По добиените иницијативи за спроведување на вонреден инспекциски надзор во пансион за домашни миленици Ав Ав Хепи Дог во скопската населба Бардовци, поради сомнеж за циркулирање на заразна болест кај кучињата, официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во моментов спроведува контрола во пансионот. Наводите во претставката се дека се работи за болеста парвовироза кај кучињата кои се згрижени во овој пансион.

Напоменуваме дека со постоечките закони за здравствена заштита и за благосостојба на животните правно не е регулирана работата на пансиони и хотели за домашни миленици односно АХВ не ги регистрира или одобрува. АХВ во моментов постапува искучиво од аспект на здравствена заштита и спречување на ширење на заразни болести кај животните.

Во оваа прилика ја информираме јавноста дека во новата законска регулатива за здравствена заштита и благосостојба на животните која е во финална фаза на подготовка, регулирано ќе биде и ова прашање, односно пансионите за кучиња ќе треба да исполнуваат одредени услови и да бидат одобрени од АХВ.

Исто така, апелираме сопствениците на кучиња да бидат одговорни и нивните кучиња да бидат микрочипирани, податоците внесени во Информативниот систем на АХВ, да поседуваат валиден пасош за својот миленик, кучињата да бидат вакцинирани за да се заштитат од заразни болести како и редовно да бидат третирани со средства за екто и ендо паразити.

Парвовирозата е исклучително заразно вирусно заболување кое најчесто ги погодува младите кучиња, но може да се јави и кај возрасни животни. Болеста бара итен третман и строги мерки на изолација, бидејќи заразените животни претставуваат ризик за останатите.

Од АХВ најавуваат дека јавноста ќе биде дополнително информирана по завршување на инспекцискиот надзор.

Случајот стана јавен откако Ана Пејковска објави дека нејзиното куче починало по престој во пансионот и дека било дијагностицирано со парвовироза. Таа тврди дека животното ѝ било вратено во многу лоша состојба и дека во пансионот имало уште заразени кучиња. Пејковска објави и комуникации и сведоштва од други сопственици, кои наведуваат дека нивните миленици исто така се разболеле по престојот во истиот објект.

Дополнителни реакции предизвика и објава од девојка која тврди дека била на пракса во пансионот и опиша, како што наведе, лоши услови за згрижување на животните. На официјалната страница на пансионот се појавија низа коментари од корисници кои бараат објектот привремено да се затвори.

АХВ најави дека по завршување на надзорот јавноста ќе биде дополнително информирана.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img