6.8 C
Skopje
29 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаМВР: Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 123...

МВР: Од почетокот на декември 18.318 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 123 лица за безобзирно управување возило

- Advertisement -spot_img

Од 1 до 28 декември, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 18.318 издадени платни налози, 4.019 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи.

-Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 123 лица, од кои 100 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, седум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, три за возење во забранет правец. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на месец декември евидентирани се 5.018 прекршоци за неправилно паркирање, 1.843 мерки се изречени за возачи кои управувале возило без возачка дозвола, како и 679 санкции за возење под дејство на алкохол, појаснија оттаму.

Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, санкционирани биле 18 возачи на мотоцикли за не носење заштитен шлем. Санкционирани биле и 415 пешаци.

-Исто така, санкционирани се 1.046 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 322 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 172 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 101 возач поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата – фолии, додадоа од МВР.

Сообраќајните контроли, потенцираа од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img