5.8 C
Skopje
25 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeХроникаКривична за екс-градоначалникот на Пробиштип, дозволил ресторан каде што не смее

Кривична за екс-градоначалникот на Пробиштип, дозволил ресторан каде што не смее

- Advertisement -spot_img

Поранешен градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за несовесно работење во службата, информира полицијата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела пријава против три лица од Пробиштип, на возраст од 61, 53 и 44 години. Според пријавата, случајот се однесува на незаконско издавање одобрение за градење угостителски објект – ресторан, во текот на 2023 година.

Според истрагата, двајцата вработени во Одделението за урбанизам во Општина Пробиштип, иако имале официјално негативно мислење од Електродистрибуција ДООЕЛ – КЕЦ Кочани, не го одбиле барањето за градење. Во мислењето јасно било наведено дека објектот не може да се приклучи на електродистрибутивната мрежа, бидејќи е предвиден во близина на постоечки електроенергетски објект, што е спротивно на Законот за енергетика.

И покрај тоа, барањето не било одбиено, а одобрението за градење било потпишано од тогашниот градоначалник, со што им било овозможено на инвеститорите да изградат ресторан на парцели кои не се наменети за таква градба.

Од полицијата информираат дека со ваквото постапување биле прекршени законските прописи, а со тоа била овозможена незаконска градба. По целосното документирање на случајот, до надлежното обвинителство е доставена кривична пријава.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img