6.8 C
Skopje
24 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСветЕвропа се движи кон војна, предупредува Орбан

Европа се движи кон војна, предупредува Орбан

- Advertisement -spot_img

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во божиќното интервју за унгарскиот весник „Маџар Немзет“ предупреди дека не може да се исклучи можноста 2025 година да биде последната година на мир за Европа.

– Се навикнавме на мир. Последната голема европска војна заврши во 1945 година и оттогаш поминаа 80 години. Во Европа тоа е исклучително ретка состојба, истакна Орбан.

Тој се осврна и на Самитот на ЕУ во Брисел, посочувајќи дека Европа во моментот се приближува кон војна.

– Минатата недела во Брисел успеавме само да го забавиме темпото со кое Европа се движи кон војна. Некои сакаа да го забрзаат овој процес до хипербрзина, а ние успеавме да го блокираме тоа. Но, не го запревме самиот процес, само го спречивме неговото забрзување, изјави Орбан.

Премиерот истакна дека Европа е повторно поделена на два табора: воениот и мировниот, при што според него, преовладуваат силите што се залагаат за војна.

Орбан посочи дека вклучувањето на Европа во војната во Украина не било неизбежно и дека можело да се испрати мировна мисија во Москва и Киев.

– Да се случеше тоа, денес немаше да живееме во сенка на војна, додаде тој.

Тој критички се осврна и на функционирањето на Европската Унија, оценувајќи ја како „во состојба на распаѓање“ и посочувајќи дека зајакнувањето на империјалните амбиции на Брисел ја загрозува европската индустрија, особено хемиската и производството на автомобили, како и политиката за миграција.

Орбан повтори дека Унгарија е против членството на Украина во ЕУ и дека воената помош ја исцрпува енергијата и ресурсите на Европа, додека санкциите ја оштетуваат економијата.

На крајот, тој упати порака до Унгарците за лична и национална самосвест:

– Сакај го ближниот свој како себеси. Сега се фокусирам на второто – сакај се себеси. Правилната самосвест носи самопочит, а самопочитувањето овозможува препознавање на успехот на другите – тоа е љубовта кон ближниот, истакна Орбан.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img