По повод 18ти Декември, Денот на општина Јегуновце, одбележуваме 29 години од конституирањето на првиот Совет на општина Јегуновце и формирање на општина Јегуновце како единица на локална самоуправа.
Во знак на благодарност, градоначалникот на општина Јегуновце г-дин Димитар Костадиноски додели благодарници и ваучери за особен придонес и промоција на општина Јегуновце на учениците од основните училишта од општина Јегуновце, како и на директорите на училиштата, градинките и библиотеката, на тренерите на спортските клубови кои беа симболично финансиски наградени за постигнатите резултати и промоција на општина Јегуновце. На овој настан почестени бевме со присуството на нашата пратеничка во Собранието на Република Македонија, г-ѓа Валентина Марчевска, која што со нејзината посветеност и работа ги застапува интересите на сите граѓани на нашата општина. Исто така, доделени беа благодарници и на ОЈП Јегуновце, ЕКО Парк, и полициските одделенија во Јегуновце и Теарце.
На наше големо задоволство присуствуваа и организаторите од Друштвото ,,Man and Mountain,, кој заедно со општина Јегуновце ја организираа најголемата национална еколошка акција, која се спроведува под мотото ,,Generalka Weekend”. Кои лично им врачија благодарници на сите локални учесници во акцијата.
Нека е честит 18ти Декември, Денот на формирањето на општина Јегуновце. Посакуваме континуиран развој и благосостојба на сите граѓани.







