-4.2 C
Skopje
18 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeТехнологијаX не се откажува од Twitter брендот по поднесеното барање за истиот...

X не се откажува од Twitter брендот по поднесеното барање за истиот од страна на нова компанија

- Advertisement -spot_img

Фото: Shutterstock.com
X во текот на неделата направи промена на своите Услови за користење на сервисот, како и Политиката на приватност. Известувањето за промените ќе им биде прикажано на сите корисници, кои ќе мора да го прифатат за да продолжат кон мрежата.

Причината зад оваа промена сепак испадна дека не е стандардното прилагодување на овие документи, па од мрежата тоа го направија поради поднесената петиција до американската Канцеларија за патенти и трговски марки за името „Twitter“.

Од новата компанија Operation Bluebird тврдат дека X ги има напуштено имињата Twitter и tweet, па тие сметаат дека имаат основа да бараат тие да им бидат одземени и пуштени некој друг да ги користи.

Од Operation Bluebird дури имаат направено веб страна наречена twitter.new, па тие очигледно сакаат да започнат со нова друштвена мрежа која би го носела името на старата и позната Twitter, која како што е познато беше купена од страна на Елон Маск.

Со оглед на фактот што зад Operation Bluebird стојат адвокати, а едниот има работено во Twitter во областа на трговски марки, некои веруваат дека целта на новата компанија не е да креира нова друштвена мрежа, туку да ја продаде трговската марка Twitter.

Од X не само што направија промена на Условите, тие поднесоа и против тужба преку која тврдат дека тие продолжуваат со користење на трговските марки Twitter и tweet, како и логото на оваа мрежа.

Инаку, во променетите Услови за користење на X, се додава името Twitter во делот каде се истакнуваат правата за користење на трговските марки, односно фактот дека овој документ на никого не му дава право за нивно користење.

Ќе видиме каква ќе биде одлуката на Канцеларијата за патенти и трговски марки после реакцијата од страна на X, како и одлуката на судот на поднесената тужба.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img