Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски вечерва во емисијата „Топ Тема“ на Телма рече дека во Град Скопје затекнал превработенст на хигиеничарки и возачи.
„Дваесет и пет хигиеничарки не ми требаат мене. Еве не ми требаат 25 хигиеничарки, но има во Град Скопје. Десетина шофери не ми требаат, еве сам се возам уште. Се возев во Кисела Вода сам, се возам и сега. Најбезбедно се чувствувам така. Тоа мое лично право на избор. Нема ниту обезбедување, имам соработник кој што ми помага околу ова“, порача Ѓорѓиевски.
Тој најави дека од среда ќе почне инспекција на дивите такси превозници, Угостителите до Нова година ќе треба сами да си обезбедат контејнери за одлагање на отпад и на повик да се одлага нивниот отпад.








