4.8 C
Skopje
24 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeСпортСтартуваше Меѓународниот карате турнир „Гранд при Скопје 2025“

Стартуваше Меѓународниот карате турнир „Гранд при Скопје 2025“

- Advertisement -spot_img

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и со вицепремиерот и министер за политички систем, Љупчо Димовски, денеска присуствуваше на свеченото отворање на Меѓународниот карате турнир „Гранд при Скопје“, што се одржува во спортската сала на ООУ „Антон Димитров“ во населбата Бутел, во организација на КК „Цветан Димов“.

Овој голем спортски настан, втора година по ред се одржува во чест и во спомен на Игор Лазарев – истакнат карате судија со највисока светска лиценца и човек кој остави длабока трага во македонското карате и во спортската заедница.

Турнирот обединува 523 каратисти со вкупно 712 натпреварувачки влезови, претставници на 67 клуба од 15 држави. Македонија оваа година ќе ја претставуваат 378 каратисти со 490 натпреварувачки влезови. Тоа е уште една потврда за високото реноме што го има турнирот, традицијата што ја негува КК „Цветан Димов“ и за популарноста на овој спорт во Македонија.

Министерот Ристовски упати честитки до организаторите и им посака успешен настап и фер борби на сите учесници, истакнувајќи дека карате спортот претставува важен сегмент од спортската култура и воспитување на младите генерации.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img