Едно лице загина, а четворица се повредени во судир меѓу „фолксваген голф“ и „БМВ“ кој се случил синоќа околу 23:10 часот, на ул. Борис Трајковски“ во Скопје, соопшти полицијата.
Оттаму велат дека од здобиените повреди, на местото на несреќата починал возачот на патничкото возило „фолксваген голф“ С.Х. (56 години), додека неговите тројца сопатници и возачот на „БМВ“ Ф.П.(28), се здобиле со телесни повреди и завршиле во болница.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.







