Не мислете дека со овие „операции“, политички конструкции, фабрикувани кривични пријави или обиди за уцена можете да ме вратите назад, да ме исплашите или да ме натерате да отстапам од моите политички ставови, пишува на фејсбук Блерим Беџети, поранешен градоначалник на општина Сарај.
Во неговиот пост се додава:
„Оваа влада, предводена од антиалбански и вазалски структури, тешко греши ако мисли дека може да го замолчи мојот глас и да ме заплаши.
Сум поминал многу поголеми политички притисоци од овие. Не отстапив тогаш и нема да отстапам ниту денес. Нарачaните пријави не ме заплашуваат. Напротив, ми даваат уште поголем мотив да останам на страната на граѓаните и да се борам за отчетност, правда и демократија.
Јас не се плашам. Вистината не се затвора со политички пријави“, пишува Беџети.
Денеска финансиската полиција објави соопштение во кое се наведува дека е поднесено обвинение против поранешен градоначалник на Сарај, со иницијали Б.Б. и уште неколку други лица за „Злоупотреба на службена положба и овластување“.








