HomeМакедонијаНовоименуваната кинеска амбасадорка изврши прва работна посета на Општина Битола

Новоименуваната кинеска амбасадорка изврши прва работна посета на Општина Битола

- Advertisement -spot_img

Новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија, Џијанг Сјаојан, денеска оствари своја прва работна посета на општина Битола.

Амбасадорката беше пречекана од градоначалникот Тони Коњановски, а во текот на средбата таа изрази големо задоволство од посетата и беше воодушевена од архитектонската убавина на Битола.

Градоначалникот Коњановски ја истакна богатата културна и историска традиција на градот, додека амбасадорката посочи дека е од особено значење една земја да го чува своето минато и традиција, нагласувајќи ја важноста на зачувување на културното наследство.

Средбата ја потенцира важноста на дипломатските односи и можностите за соработка меѓу Македонија и Народна Република Кина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img