Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите во пожарот во „Пулс“, денеска почна конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Кочани. Потоа се изврши верификација на мандатите на сите 19 советници, со што почна нивниот четиригодишен мандат, а Советот официјално стартуваше со работа.








