Повеќе од 1.000 студенти останаа без субвенциониран студентски оброк, не по нивна вина, обвинуваат студентски активисти.
Според нив главната причина е бавните и неефикасни административни постапки на дел од факултетите и институциите поради кои многу студенти не се најдоа на листите за ноември, по што им беше прекинато правото на субвенциониран оброк.
Оттаму нагласуваат дека поради ваквите административни пропусти студентите кои не беа опфатени во октомврискиот повик ќе бидат приморани да чекаат нов повик за апилицирање во декември, а со самото тоа целиот ноември ќе бидат изоставени од оваа студентска бенифиција.








