HomeМакедонија(ВИДЕО) Скопје се чисти - Ѓорѓиевски во акција со апел: Да го...

(ВИДЕО) Скопје се чисти – Ѓорѓиевски во акција со апел: Да го чуваме градот без отпад!

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се вклучени повеќе од 2.500 граѓани, механизација од Градот Скопје и општествено одговорни компании.

„Сакам да апелирам до нашиот народ да се однесува одговорно кон животната средина. Несовесното одложување на отпад нема да се толерира – ќе биде казнето“, истакна Ѓорѓиевски. Тој додаде дека досега се изречени десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа практика ќе продолжи за секој кој го загрозува здравјето и чистотата на градот.

Градоначалникот ги повика граѓаните заеднички да се вложат во зачувување на чистотата на Скопје и да го одржуваат градот како достоинствен и чист простор за живеење.

Видеото може да го погледнете тука

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img