СДСМ мора да изгради јасна стратегија како да ја добие довербата од граѓаните во иднина и да биде дел од власта, но не како коалиционен партнер на ВМРО ДПМНЕ, порача вечерва во 24 анализа Јани Макрадули поранешен функционер на партијата и во Собранието.
Макрадули порача дека СДСМ како државотворна партија мора да понуди плана за да ја добие довербата на граѓаните и да биде носител на политиките во Владата.
“Резултатот на изборите е лош. И треба да се направи сериозен отчетен извештај во партиката и да се анализира како и зошто СДСМ дојде до овие бројки, а во тој извештај да влезе и анализа на резолуцијата за црвените линии, промовирана пред камапањата и каков е нејзиниот придонес” -вели Макрадули
Тој порача дека на СДСМ неопходна му е една искрена , реална политчика визија со емоции и страст и искреност.
“Не сум поканет на состанок на Бихаќка, на неколку кандидати се понудив да им помогнам но за жал не чувствуваапотреба да добијат некој совет, но не се работи за персонални решенија , туку мора да има политика, вели Макрадули.








