Бројот на жртви од тајфунот Калмега на Филипините се искачи на 66, додека преживеаните во најтешко погодената покраина Себу се справуваат со штетите што ги остави зад себе бурата.
Домовите беа уништени, а улиците беа преполни со урнатини, објави Ројтерс.
Меѓу 66-те загинати се и шест војници чиј хеликоптер се урна за време на хуманитарна мисија во покраината Агусан дел Сур на островот Минданао.








