домаМакедонија81 година од ослободувањето на Битола - градот им оддаде признанија на...

81 година од ослободувањето на Битола – градот им оддаде признанија на најуспешните поединци и институции за 2025 година

- Advertisement -spot_img

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот уметник и педагог Панде Петровски.

Петровски, афористичар, карикатурист, илустратор и сценограф, остави значителен белег во македонската и битолската уметност, а неговата посветеност кон творењето е препознатлива и денес.

За едногодишни достигнувања наградени беа: Игор Трајковски Фоја за значаен придонес во културата, актерот и режисер Мартин Мирчевски, Дарко Секуловски за промоција на Битола преку современи медиуми, како и Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ за работа со лица со посебни потреби.

Градоначалникот Тони Коњановски им ги врачи наградите на добитниците, истакнувајќи дека почитта кон минатото се мери со делата што ги создаваат заедниците денес. Во рамките на свеченоста, уметничката програма ја изведе пијанистката Теодора Капинковска

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img