Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, утрово е прв лидер на партија кој гласаше во вториот круг од локалните избори. Ахмети се појави на избирачкото место речиси веднаш по отворањето на истото во 7 часот.
– Денес гласав со убедување и посветеност на човек кој длабоко верува во патот на мирот, еднаквоста и достоинството. Гласав за ден со достоинство, за иднина каде што секој граѓанин се чувствува еднаков и почитуван во својата земја. Гласањето е одговорност, тоа е доверба и тоа е обврска кон идните генерации. – напиша Ахмети.









