HomeМакедонијаГалетановски се повлече од функцијата претседател на градската организација на СДСМ

Галетановски се повлече од функцијата претседател на градската организација на СДСМ

- Advertisement -spot_img

Ѓорѓи Галетановски си поднел оставка од претседател на градската организација на СДСМ, потврдува за ТВ 24 висок партиски функционер од СДСМ.

Според истиот функционер оставката е неотповиклива и е од морални причини и лични причини, а доаѓа по првиот круг од локалните избори , на кои СДСМ доживеа дебакл и освои 5 советници во Град Скопје. ТВ 24 се обиде да добие изјава од Галетановски, но тој не одговори на нашите прашања. Официјално од партијата на Венко Филипче само потврдуваат дека оставката е доставена на Бихаќка.

” Оставката е поднесена од лични и морални причини и доставена до партијата. Во однос на понатамошните одлуки органите на СДСМ ќе постапат согласно статутарните одредби на партијата, за што ќе ја информираме јавноста, велат за ТВ 24 од СДСМ

Инаку Галетановски е еден од неколкумината советници кои СДСМ ги освои во советот на Град Скопје. Според информациите на ТВ 24 и критичар на одредени политики на актуелниот лидер. Во мандатот на Петре Шилегов во Град Скопје беше директор на Зоолошката градина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img