Младо момче е тешко повредено при пад од мотоцикл на еден скопски булевар.
– На 21.10.2025 во 01:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје, 19-годишниот Д.Д. од Скопје, управувајќи мотоцикл со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопштија од полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.







