Бугарскиот претседател Румен Радев ја повика Унгарија да ја убеди Македонија да ги направи уставните измени, кои, како што вели тој, се неопходни за членство во Европската Унија, пренесе БГНЕС.
Радев вели дека со унгарскиот претседател Тамаш Суљок разговарал за ситуацијата на Западен Балкан и проширувањето на ЕУ.
„Бугарија останува мотор на овие процеси и ние ги поддржуваме нашите соседи на европскиот пат. Ја повикав унгарската страна, која има нагорни пријателски односи со Македонија, да ги убеди нашите браќа дека промената на Уставот и Европскиот консензус се неопходен услов за членство во ЕУ“, рече Радев по состанокот со Суљок.
Според Радев, се работи за одлична можност да се продолжи конструктивниот дијалог.








