Потрагата по тројцата хрватски планинари кои исчезнаа во лавина во Јулиските Алпи во Словенија заврши со трагичен исход.
Словенечкиот министер за внатрешни работи, Боштјан Поклукар, потврди дека сите тројца се пронајдени мртви. Телото на првиот планинар било лоцирано уште вчера попладне, додека телата на другите двајца, кои биле браќа, биле пронајдени во раните утрински часови денеска.
Несреќата се случила во неделата околу 10 часот наутро, кога лавина ги затрупала планинарите за време на искачување во Јулиските Алпи. Веднаш по инцидентот започнала голема акција за пребарување, во која биле вклучени спасувачи и специјални екипи, но хеликоптерот не можел да учествува поголемиот дел од денот поради тешките временски услови и слаба видливост.
Трагедијата ја потресе хрватската и словенечката јавност, а властите упатија апел до сите планинари да внимаваат на предупредувањата за лавинска опасност и да избегнуваат ризични подрачја при неповолни временски услови.









