10.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeРегион“Освен партиски вработувања, не видовме ништо друго во изминатите години” – Промовиран...

“Освен партиски вработувања, не видовме ништо друго во изминатите години” – Промовиран кандидатот за градоначалник на Левица во Крушево, присутен и Апасиев

- Advertisement -spot_img

Пред граѓаните на највисокиот град на Балканот, промовиран беше кандидатот за градоначалник на партијата – стопанственикот Зоран Јанески, како и носителот на советничката листа Атанас Најдоски и останатите канидати за советници.

-Целосно ќе се посветам во работата, ќе работам исклучиво за доброто на сите. За разлика од моите против кандидати моето минато е чисто, немам сомнителни тендери, сомнителни вработувања, ниту пак сум бил на некоја функција. Крушевчани знаат за моите работни способности и дека кога нешто ќе почнам тоа и го реализирам во целост. Во измитатиот период не се отвори ниту едно работно место за обичниот работник, освен за партиска администрација. Во иднина новите вработувања ќе бидат исклучиво со соодветен кадар и образование! Ќе отвориме нови работни места за обичниот граѓанин.Цел ни е да го вратиме достоинството на народот, односно работникот. Силата е во нас и со работа можеме да ја обновиме општината која ни ја уништија – порача кандидатот за градоначалник Јанески.

Во своето обраќање носителот на советничката листа, Атанас Најдоски, се осврна на најгорливите проблеми со кои се соочуваат крушевчани, а тоа депонијата и водата за пиење.

-Од советот на Крушево најпрвин ќе се бориме за транспарентност на седниците, односно да бидат достапни за граѓаните и да може да се следат. Ќе се бориме да бидеме гласот на народот и да се решат многуте проблеми кои ги имаме како општина. Некои од проблемите се : депонијата која е опасен проблем поготово во летниот период. Исто така голем проблем е водата за пиење и тоа е проблем особено во летен период. Како трет поголем проблем е незаинтересираност за спортот во Крушево. И за тоа ќе се бориме да го помагаме и промовираме. За крај испраќам апел до сите крушевчани во градот и населените места дека сега конечно имаат избор кому да го дадат својот глас. Да ги поддржат кандидатите на левица затоа што тие имаат никакво црно минато, и на овие избори настапуваат со чист образ пред граѓаните – рече Најдоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img