8.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаНародна банка: Пад на просечните каматни стапки на кредитите и депозитите во...

Народна банка: Пад на просечните каматни стапки на кредитите и депозитите во август

- Advertisement -spot_img

Во август 2025 година просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесувала 4,9 отсто, што претставува намалување од 0,01 процентен поен на месечно ниво и 0,54 п.п. на годишно ниво, информира Народната банка. Кај вкупните депозити, просечната каматна стапка изнесува 2,19 отсто, со месечен пад од 0,02 п.п., но со годишен раст од 0,23 п.п.

Според податоците, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити е зголемена на 4,48 отсто (раст од 0,06 п.п. на месечно ниво), додека на годишна основа е пониска за 0,56 п.п. Кај новопримените депозити, пак, е забележан пад и тие во просек изнесуваат 2,06 отсто.

Во делот на корпоративниот сектор, вкупните кредити имаат просечна каматна стапка од 4,52 отсто, со месечен пад од 0,02 п.п. и годишен од 0,68 п.п. Новоодобрените кредити за компаниите достигнале 4,33 отсто, со месечен раст од 0,11 п.п., а на годишно ниво бележат пад од 0,57 п.п.

Кај депозитите на корпоративниот сектор, просечната стапка изнесува 2,53 отсто, со месечно намалување од 0,13 п.п., но со годишен раст од 0,33 п.п. Новопримените депозити кај компаниите се намалиле на 1,86 отсто, што претставува месечен пад од 0,53 п.п.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во август изнесува 5,27 отсто, со минимален месечен пад од 0,01 п.п. и годишно намалување од 0,39 п.п. Новоодобрените кредити за граѓаните достигнале 4,68 отсто, со речиси непроменета динамика на месечно ниво, но со пад од 0,60 п.п. во споредба со истиот месец лани.

Кај депозитите на домаќинствата, просечната каматна стапка е 2,14 отсто, со месечно намалување од 0,01 п.п., но со годишен раст од 0,21 п.п. Новопримените депозити кај граѓаните се намалени на 2,18 отсто, што е пад од 0,15 п.п. во однос на јули, и 0,58 п.п. во споредба со август минатата година.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img