6.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПатеката кон Пелистер добива нов лик — искачувањето е поуредено и побезбедно

Патеката кон Пелистер добива нов лик — искачувањето е поуредено и побезбедно

- Advertisement -spot_img

На планината Пелистер е поставено ново челично јаже со должина од 90 метри на патеката Камењар (Rocky Trail), кое опфаќа повеќе делови од патеката од Видиковец (2.000 метри надморска височина) до врвот Стив (2.468 метри).

Од Националниот парк „Пелистер“ соопштија дека со поставувањето на јажето значително се зголемува безбедноста и се забрзува движењето на планинарите.

Камењар е една од најживописните и најубавите патеки во Македонија. Стартната точка е паркингот пред хотелот „Молика“ (1.430 мнв), потоа продолжува до Копанки, па по североисточниот и северниот раб на Баба Планина преку врвот Стив и Илинден (2.540 мнв), се стигнува до врвот Пелистер (2.601 мнв).

Во текот на искачувањето се отвораат импресивни погледи: на југ и запад се гледа Преспанското Езеро и делови од Грција сѐ до Олимп и Албанија, на север Солунска Глава, а на исток, во поволни временски услови, погледот позади врвот Кајмакчалан се протега до Рила и Пирин во Бугарија.

Патеката е долга осум километри и се совладува висинска разлика од 1.210 метри.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img