Министер за животна средина и кандидат за градоначалник на Чаир Иџет Меџити, денес го претстави проектот за изградба на нова територијална противпожарна станица во општината.

„Ова е значаен чекор за зголемување на безбедноста и заштитата на животите и имотот на граѓаните,“ истакна Меџити при презентацијата.
Според проектот, новата станица ќе се простира на површина од 750 м², ќе располага со три современо опремени противпожарни возила и 12 професионални пожарникари подготвени за брза реакција во итни ситуации.

„Чаир заслужува современа инфраструктура и силна институционална поддршка. Со овој проект ќе обезбедиме повеќе спасени животи, помалку штета и поголема сигурност за сите“, нагласи вицепремиерот.
Во своето обраќање тој упати посебна благодарност до Доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“, кое со години дава значаен придонес во заштитата на граѓаните и претставува пример за солидарност и хуманост.

Проектот е дел од визијата на Меџити за помодерна, побезбедна и поуредена општина Чаир, во која институциите ќе бидат целосно во служба на граѓаните.









