Italdesign е во сопственост на Volkswagen Group, а овој проект е идеја со цел развој на дизајнерски идеи. Дали би возеле ваков (електричен) Volkswagen?
Многумина би одговориле со да, бидејќи тој е навистина привлечен.
Нарачан од Volkswagen Platform Business, проектот го истражува балансот, целокупните пропорции и дизајнерскиот потенцијал на концепт базиран на архитектурата MEB+ Front Drive, во рамките на ново семејство електрични градски автомобили.
Italdesign се фокусираше на прилагодливост за производителите на оригинална опрема (OEM) надвор од Volkswagen Group, покажувајќи како платформата може да ги задоволи различните пазарни потреби.
Концептот, се разбира, не е наменет за производство. Тоа е возило со три врати, долго 4.230 mm. Којзнае, можеби некои од овие идеи ќе бидат прифатени во Volkswagen Group за производствени модели.









