Кандидат за градоначалник на Град Скопје денеска заедно со дел од својот тим изврши увид на неколку локации што се предвидени како приоритетни во првите месеци од мандатот. Според најавата, станува збор за сообраќајни решенија кои треба да ја подобрат циркулацијата и функционалноста на главниот град.
Меѓу проектите што беа издвоени се:
Изградба на нова клучка во Хиподром за приклучок кон автопатот на источниот дел од градот;
Кружен тек кај „Тобако 2“;
Нов мост кај Вардариште кој ќе ги поврзе општините Аеродром и Гази Баба;
Решавање на проблемот и пуштање во употреба на мостот „Генерал Михајло Апостолски“;
Проширување на булеварот „Александар Македонски“ со трета лента на влезот во Скопје.
Според најавите, проектите ќе бидат реализирани со засилена динамика, а целта е да се олесни секојдневниот сообраќај и да се подобри поврзаноста на градот.







