На американската телевизија Си-Ен-Ен, новинарката Ана Каспаријан постави едно директно прашање кое предизвика реакции: „Зошто Израел го анектира Западниот Брег, кога таму нема ниту Хамас, ниту заложници?“
Гостин во студиото, познат израелски поддржувач, прво се обиде да го заобиколи прашањето, но под притисок на водителката, кратко одговори: „Не знам.“
Краткиот, но многу значаен момент, повторно го отвора прашањето за целите на израелската политика на Западниот Брег, каде што Хамас нема реално присуство, а територијата е под континуирана воена и градежна окупација.
Овој дијалог стана вирален на социјалните мрежи и повторно ја покрена дебатата за легитимноста на израелските активности на палестинските територии.









