5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМеџити најавува нови инвестиции и конкретни дела во Чаир преку соработка на...

Меџити најавува нови инвестиции и конкретни дела во Чаир преку соработка на Општината со Владата

- Advertisement -spot_img

Скопје, 04.09.2025 – Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска ја посети улицата „Ахмет Хајдари“ (поранешна „Стојна Стефкова“) во населбата Гази Баба, каде што се реализира еден од најзначајните инфраструктурни проекти за овој дел на општината.

Станува збор за целосна реконструкција на улицата во должина од 170 метри-проект чија цел е унапредување на локалната патна инфраструктура, зголемување на безбедноста и олеснување на движењето за жителите на оваа населба.

Вкупната вредност на проектот изнесува околу 3 милиони денари, а средствата се обезбедени од Владата на Република Северна Македонија, преку Програмата за инфраструктурни проекти во општините за 2025 година.

„Вака изгледа нашата визија за понатамошен развој на Чаир, преку блиска соработка помеѓу централното и локалното ниво да реализираме конкретни проекти кои го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните“, истакна Меџити за време на теренската посета.

Тој додаде дека ова е само еден од проектите кои се реализираат во населбата Гази Баба, а во наредните денови ќе бидат посетени и други инвестиции – не само тука, туку и во сите делови на Општина Чаир.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img