4.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаБитола 120 години подоцна: Споменикот на Александар Турунџев свечено откриен на денот...

Битола 120 години подоцна: Споменикот на Александар Турунџев свечено откриен на денот на неговата погибија

- Advertisement -spot_img

Со голема свеченост и поворка исполнета со историска симболика, вчера во Битола беше откриен споменикот на македонскиот револуционер и војвода Александар Турунџев.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со потомците на семејството Турунџиеви, во присуство на бројни битолчани и гости, го открија споменикот на војводата токму на денот на неговата погибија, пред 120 години.

На свеченоста ѝ претходеше поворка низ градските улици, која започна пред ОУ „Ѓорги Сугарев“, местото каде Турунџев бил затворен. Македонското знаме го развиорија млади момчиња во комитска носија, членови на КУД „Илинден“, а поворката беше предводена од коњаницата „Костурска чета“. Настанот беше збогатен со настапи на групата „Љубојна“, младите зурлаџии и тапанџии од АФ „Гоце Делчев“, како и блех-оркестар.

Граѓаните масовно се приклучуваа на поворката која минуваше низ Плоштад „Магнолија“, покрај реката Драгор, до Ат Пазар – местото на погибието на Турунџев, сè до новиот кружен тек каде што е поставен споменикот.

Свечениот дел продолжи со изведба на македонската химна од правнуката на војводата, пејачката Сузана Турунџиева, а оперскиот пејач Игор Дурловски, во аранжман на Николче Мицевски, ја отпеа песната посветена на Турунџев – „Црно му било пишано“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img