Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата „ВРЕДИ“, Изет Меџити, оствари средба со поранешниот фудбалски капитен, Неџмедин “Неџко” Мемеди, познат како дел од златната шампионска генерација на ФК Шкупи .
По средбата, Меџити сподели фотографија со Мемеди и изрази благодарност за поддршката, истакнувајќи ја длабоката почит и восхит кон спортската фигура — симбол на успех и гордост за населбата Чаир и градот Скопје .
Тој напиша: „Кафе со Неџмедин Мемеди, капитенот на златната шампионска генерација на нашиот клуб од срце, ФК Шкупи! Благодарен сум за поддршката, Неџко!“ .Средбата дополнително нагласи значајната врска помеѓу спортот и локалната заедница, при што фудбалската легенда од Чаир го изразува својот впечаток и поддршка кон политичката активност во општината.









