Македонскиот футсал шампион Форца тргна убедливо во квалификациите за Лигата на шампиони, а квалификациската група се игра во Куманово.
Во рамки на првото коло до групата А, екипата на Форца со убедливи 4:0 го доби тимот на Енкамп од Андора, во меч каде Јакуп Рамадани постига два погодоци, а пак по еден гол постигнаа Берат Рамадани и Хесус Ривас.
Натпревар во кој Форца доминираше и креираше многу шанси со што победата можеше да биде и поголема.
Во вториот меч кој се одигра синоќа екипата на Форца забележа уште една победа, овој пат од минимални 1:0 против тимот на Мурата од Сан Марино.
Стрелец на победничкиот гол беше Еркан Сефери, за нови три бодови на контото на македонскиот футсал шампион.
Во рамки на третото коло екипата на Форца силите ќе ги одмери со екипата на Ереван, шампионот на Ерменија, а победникот ќе обезбеди следна квалификациска фаза за пласман во Лигата на шампионите.
Покрај одлични игри, македонскиот шампион Форца се покажа и како добар домаќин и организатор на квалификациската група која се игра во Куманово.
Александар Ванев, М-Нет









