7.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПризнанија и награди од БУЛМАК 2016 по повод Денот на рударите

Признанија и награди од БУЛМАК 2016 по повод Денот на рударите

- Advertisement -spot_img

Пробиштип, 28 август 2025 – По повод 28 август – Денот на рударите, компанијата Булмак 2016 на сите вработени во компанијата им исплати по 3.000 денари како знак на признание за нивниот влог во индустријата. На десетте најдобри рудари, и тоа петмина вработени во рудникот „Злетово“ и петмина од рудникот „Тораница“ им додели ваучери од по 6.000 денари

Посебна чест за компанијата е што двајца рудари од Булмак се меѓу номинираните за најдобри рудари на национално ниво, на свеченоста што се одржа во Министерството за енергетика и рударство. Признанија добија нашите вработени:

Дејан Тоневски, рудар од рудник „Злетово“, роден 1981 година во Кратово, вработен во компанијата од 2019 година. Во моментов работи како рудар од 2 степен и ракува со рачен дупчачки чекан, утоварач и подградувач во јама.

Драгољуб Димитровски, рудар од рудник „Тораница“, роден 1991 година во Крива Паланка, вработен во компанијата од 2018 година. Во моментов работи како ракувач со електро-хидраулични дупчалки и палител на мини.

По повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица – заштитничка на рударите, компанијата им упатува искрени честитки на сите рудари за нивната посветеност и пожртвуваност.

,,Рударството е професија која бара сила, упорност и солидарност. Нашата обврска како компанија е да ја вреднуваме таа пожртвуваност и да продолжиме да инвестираме во подобри услови за работа и поголема безбедност на нашите луѓе,“ изјави Тони Тоневски, директор на Булмак 2016.

Со ова, Булмак ја потврдува својата определба да гради компанија која се грижи за луѓето, заедницата и иднината на рударството во Македонија. Поддршката за вработените и признанијата за најдобрите меѓу нив се дел од заложбите компанијата да остане сигурен партнер и двигател на економскиот развој во регионите каде што работи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img