9.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЧествување на раѓањето на Мајка Тереза: Универзална икона на љубов и солидарност

Чествување на раѓањето на Мајка Тереза: Универзална икона на љубов и солидарност

- Advertisement -spot_img

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска заедно со делегации од Владата, Собранието и општините, положи венец со свежо цвеќе на спомен-плочата во центарот на Скопје посветена на Мајка Тереза, по повод 115-годишнината од нејзиното раѓање.

По церемонијата, Меџити истакна дека се сеќаваме на една од најсветлите личности на човештвото – мисионерката на љубовта и добитничка на Нобеловата награда за мир, родена во Скопје.

,,Таа нѐ научи дека величината не се мери со функции и моќ, туку со служење, посветеност и љубов кон другиот. Нејзината порака останува водилка за нашата политика и општество – да работиме за мир, правда и солидарност, без да заборавиме никого,“ рече Меџити.

Тој додаде дека Владата ќе продолжи да гради иднина во која Скопје повторно ќе биде препознаено во светски рамки како центар на културата, образованието, науката и технологијата, со јасна перспектива за младите и дух на хуманизам.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img