Во општина Чаир започнаа градежни работи за адаптација на дополнителен објект кој ќе биде наменет за активности на пензионерите. Проектот е инициран по средбата на Здружението на пензионерите со заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Според најавите, новата просторија ќе биде реновирана и подготвена за користење во наредните пет дена. Со тоа, пензионерите од Чаир ќе добијат дополнителен простор за своите секојдневни активности, во подобри и посовремени услови.„
По средбата со Здружението на пензионерите во Чаир, започнавме со активности за обезбедување на нов објект, кој ќе биде во функција како дополнителен простор за нивните потреби,“ изјави Меџити при увидот во градежните работи.
Со реализацијата на проектот се очекува значително подобрување на условите за повозрасните граѓани во општината.









