Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија, Михаилис Рокас
.На состанокот беше инсистирано на клучните реформски процеси во енергетскиот сектор, со особено внимание на унапредување на законодавната рамка и подготовка на нови стратешки документи. Министерството закажа продолжување на активностите од Реформската агенда со интензивно темпо .
Посебен акцент беше ставен на поддршката од Европската Унија преку програмата ИПА III. Имено, Северна Македонија добива финансиска и техничка помош во висина од 5,2 милиони евра. Средствата се наменети за јакнење на институционалните и оперативните капацитети, за ефикасно водење на енергетската политика, справување со климатските промени, подготовка на подзаконски акти, соработка со општините и анализа за спроведување на зелената транзиција .„Европската Унија е стратешки партнер на нашата земја во процесот на енергетска трансформација. Поддршката што ја добиваме преку ИПА инструментите е од суштинско значење за да изградиме поефикасни институции, да го унапредиме законодавството и да обезбедиме одржлива и сигурна енергетска иднина за граѓаните,“ нагласи министерката Божиновска .Состанокот ја потврди позицијата на Европската Унија како клучен партнер во поддршката на Зелената енергетска транзиција и исполнувањето на климатските цели на земјата .









