Во сооштението на ВМРО-ДПМНЕ ОК Пробиштип се вели:Во периодот што ни следи, Пробиштип ќе биде повторно едно големо градилиште.Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира близу 2 милиони евра во инфраструктурни проекти во нашата општина.Ќе се градат и реконструираат улиците
- Брегалничка”,“
- 3-ти Април”,
- улици во нас.Калниште,
- ул.”Х.Т.Карпош”,-
- реконструкција на “Ленинов плоштад”.
- Ќе се реконструира патниот правец Горни Стубол-Долни Стубол, како и патот до с.Кундино.
- Ќе се уреди делот над рударското игралиште, а Лесново ќе добие нов паркинг простор.
Конечно, после 8 години, ќе започне изградбата на комплетна инфраструктура во блок 7.5 со што ќе се создадат услови за побрз развој на овој дел од градот.
Наши сограѓани, ВМРО-ДПМНЕ се грижи подеднакво за сите општини и за сите граѓани.Со новиот Градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и со силната поддршка од Владата, Пробиштип ќе доживее целосна трансформација и ќе си го врати урбаниот лик.
Приклучете ни се и бидете дел од промените кои веќе започнаа!









