Народната банка на Република Северна Македонија соопшти дека во јули забележан е раст на вкупните депозити и кредити, со годишен пораст од околу 13 проценти.
Депозитите на домаќинствата се зголемени за 1,1% на месечно и 13,3% на годишно ниво, особено кај депозитните пари и долгорочните депозити. Кредитите на домаќинствата бележат месечен раст од 0,8% и годишен од 10,4%, при што потрошувачките и станбените кредити бележат најголем пораст.
Кредитите и депозитите на корпоративниот сектор исто така се зголемени, со годишен раст на депозитите од 14,5%, а кредитите на корпоративниот сектор бележат пораст од 15,9%, претежно во денари.









