6.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаИзет Меџити со мастерплан: Чаршијата ќе ја удвои економската моќ на Чаир!

Изет Меџити со мастерплан: Чаршијата ќе ја удвои економската моќ на Чаир!

- Advertisement -spot_img

Првиот заменик-претседател на Владата и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, го презентира четвртото поглавје од „Мастерпланот за Чаир“, изработен во соработка со архитектот Бајрам Вардар од Истанбул, со албанско потекло и скопски корени.

Фокусот овој пат е на Чаршијата во Скопје, која Меџити ја нарекува главен економски столб на Чаир и на целиот главен град.

Главната економска сила на Чаир е Чаршијата – најголемата на Балканот, со 700 дуќани, поголема од чаршијата во Сараево. Кога дојдов во 2005 година, по 17 часот беше опасно да се помине таму. Денес, дури и на полноќ чаршијата пулсира од туристи, граѓани, услуги и бизниси. Повеќе од 1.000 семејства овде обезбедуваат егзистенција“, изјави Меџити, додавајќи дека со подобрување на паркингот, активноста на чаршијата може да се дуплира.

Тој исто така истакна и трансформациите на „Пластичарската улица“, посочувајќи ја својата улога во зачувувањето на бизнисите и семејствата.

„Пред 15 години улицата имаше куќи од тули, а реконструкцијата донесе високи тротоари кои ќе ги затвораа дуќаните. Ние овозможивме паркирање додека не се изгради целосен паркинг, со што ги зачувавме бизнисите и семејствата“, рече Меџити.

Со овој Мастерплан, Меџити ветува дека Чаршијата ќе остане не само историски симбол, туку и центар на економска активност, работа и просперитет за илјадници граѓани на Скопје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img