СВР Охрид поднесе кривична пријава против двајца стружани, А.А. (46) и А.Е. (27), поради сомнение за кривично дело „убиство“ во обид.
Инцидентот се случил на 16 август 2025 година пред угостителски објект во Струга, кога пријавените физички го нападнале Н.Д. (30) од село Велешта, употребувајќи остар предмет, соопштија од МВР.







